Пет чекори за правилно отстранување на шминката
Отстранувањето на шминката не е толку едноставно. Тоа е посебен ритуал, кој треба да го сфатиме сериозно. Миењето на лицето со вода не е доволно.
1. Прво морате да ги купите неопходните средства за чистење на лицето. Ако имате мрсна кожа, треба да изберете производи без масло, додека оние со хидратантно дејство се соодветни за сува кожа. Треба да имате и посебно средство за чистење на пределот околу очите. Претходно соберете ја косата, а лицето исчистете го со влажно марамче.
2. Почнете со очите. Убаво навлажнете го памукчето за отстранување на шминката и притиснете го на окото. Причекајте 10-20 секунди, а потоа нежно протријте, бидејќи кожата околу очите е многу чувствителна.
3. Избришете ги остатоците од карминот, а за таа цел можете да користите вазелин. Ставете го на усните, причекајте две-три минути и избришете ги усните со памукче. Не притискајте премногу.
4. Прво истријте го лицето со мицеларна вода, а потоа измијте се со обична вода и избришете се со фротирна крпа, а уште подобро со хартиени марамчиња за да го спречите ширењето на батериите.
5. По отстранувањето на шминката многу е важно да го измасирате лицето, за да биде еластично. Најпосле ставете хидратантен крем на кожата за да не ви биде сува.