Ерамати Мангајама (74) од Индија, која роди здрави близнаци по поминато медицинско потпомогнато оплодување, е најстарата родилка на светот. Таа и нејзиниот сопруг Рајом Рао (80) се пресреќни затоа што 57 години се обидувале да добијат дете, а нивната надеж се појавила кога нивната сосетка зачнала на 55-годишна возраст.
Клиниката за медицински потпомогнато оплодување ги платила трошоците за повеќето зафати бидејќи тоа за нив било големо историско достигнување. Ерамати ги поминала сите девет месеци во болница, а девојчињата ги родила со царски рез.
– Не можам да ги изразам чувствата со зборови. Овие бебиња ме дополнија. Моето чекање речиси шест децении конечно заврши. Сега никој повеќе не ме нарекува неплодна – рече оваа жена, која менопаузата ја помина пред 25 години.