Светската база за филмски податоци ИМДБ објави список од најочекувани десет филма за 2020 година. На листата генерално се продолженија од веќе познати франшизи.
„Брзи и бесни 9“ (Fast & Furious 9) – премиера на 20 мај, 2020
Ново продолжение ќе покаже дали и како „расколот“ во актерската екипа ќе влијае на квалитетот на десеттиот филм од серијалот.
„Кингсмен“ (The King’s Man) – премиера на 18 септември, 2020
Приказната во третиот филм од серијалот „Кингсмен“ е сместена еден век во минатото. Овојпат, наместо Колин Фирт, во главната улога е Ралф Фајнс.
„Дина“ (Dune) – премиера на 18 декември, 2020
Преработка на класичната научна фантастика од 1984 година, а заснована на романот на Френк Херберт од 1965 година.
„Вондервоман 1984“ (Wonder Woman 1984) – премиера на 5 јуни, 2020
Режисерката Пети Џенкинс и Гал Гадот се враќаат со нова соработка, претпродолжение на хитот од лани.
„Мулан“ (Mulan) – премиера на 27 март, 2020
Филмска преработка на анимираниот филм од 1990-тите, по хитовите „Кралот лав“, „Аладин“ и „Маза и Луња“, кои ги видовме во 2019 година.
„Црна вдовица“ (Black Widow) – премиера на 1 мај, 2020
Продолжение на хит-серијалот „Одмазници“, чиешто последно продолжение заработи милијарда долари.
„Нема време за умирање“ (No Time to Die) – премиера на 2 април, 2020
Џејмс Бонд се враќа во 25-тиот филм, со Даниел Крег во главната улога.
„Топ ган: Маверик“ (Top Gun: Maverick) – премиера на 26 јуни, 2020
Вториот дел од хит-филмот со Том Круз во главната улога од пред 34 години ќе го видиме на 26 јуни.
„Ежот Соник“ (Sonic the Hedgehog) – премиера на 14 февруари, 2020
Уште една филмувана верзија на познат цртан лик, филмот е хибрид со анимирани ликови и реални актери.
„Птици грабливци и фантастичното ослободување на една Харли Квин“ (Birds of Prey and the Fantabulous Emancipation of One Harley Quinn) – премиера на 7 февруари, 2020
Уште еден суперхеројски филм. Ликот на Харли Квин од „Самоубиствен одред“ е водечки во новиот филм, во кој главната улога ја толкува Марго Роби.