Малдиви

Меѓу десетте избрани ресторани се: „Каменот“, „Трите оџаци“, „Фавикен“ и „Нордасти Хаги“

Понекогаш претпочитате да влезете во најблискиот ресторан и да уживате во храната, а понекогаш ви звучи многу попривлечно да посетите некој непристапен ресторан. Постојат ресторани за кои треба да се помачите за да стигнете до нив. По макотрпниот пат низ карпести предели, по долгиот лет и прошетките додека да се стигне до посакуваната дестинација, чувствувате дека сте го заслужиле јадењето. Освен тоа, добивате прекрасни видици и раскошни пејзажи. И покрај тоа што ќе бидете исцрпени од патувањето ќе уживате во секој залак.

Аргентина – „Ла Месита де Алманза“
„Ла Месита де Алманза“ се наоѓа на Тиера дел Фуего, остров на најјужниот врв на Јужна Америка. Тиера дел Фуего на шпански значи огнена земја и често е претставен како крајот на светот. Тиера дел Фуего е една од последните почетни локации на експедициите што тргнуваат кон Антарктикот и доаѓањето дотаму може да биде напорно. Постојат голем број ограничувања што го отежнуваат пристапот до далечниот остров. Доколку стигнете на крајот на светот, обидете се да поминете до „Ла Месита де Алманза“, најдобриот ресторан во Ушуаја, на традиционален аргентински оброк.

Перу – „Тампу“
Иако до Мачу Пикчу и Перу може да се дојде со минибус или со скап воз, најдобар начин (и најтежок) да се дојде до древните предели е пешачењето по најпознатата патека во Перу. Потребни се 2-4 дена пешачење по патеката Инка и тоа е толку популарно што е резервирано со месеци однапред. Покрај тоа, не е дозволено пешачење во мали групи – дозволени се исклучиво групи што ги организира туристичка агенција. Патот да Мачу Пикчу е долг и скап. Но без оглед на тоа, добро ќе ви дојде древната историја, неверојатниот поглед и вкусната храна во ресторанот „Тампу“.

Шведска – „Фавикен“
„Фавикен“ може да прими само 12 гости во една ноќ. Магнус е човек што самиот го води својот тим на берба и ги подготвува сите состојки што се потребни за да се приготви оброкот. Покрај сето тоа, тој го води овој мал ресторан. Храната е одлична во „Фавикен“, но да се дојде до него е најтешкиот дел. „Фавикен“ се наоѓа во Јарпен, Шведска и е мошне изолиран. Возењето до Стокхолм трае шест часа и едната страна на патот е разорена. „Фавикен“ се наоѓа помеѓу езера, планини и фарми. Без разлика на тоа колку е долг патот, вреди да се посети.

Шкотска – „Трите оџаци“
Шкотска е релативно мала земја, со популација од нешто повеќе од 5 милиони, така што, има смисла да го има еден од најнепристапните ресторани на светот. „Трите оџаци“ се наоѓа на островот Скај, работи повеќе од 30 години и тешко се стигнува до него – најблискиот аеродром е во Глазгов, возењето трае шест часа, а превозот со траект е долг. Ресторанот „Трите оџаци“ се наоѓа во Портри, најголемиот град на Скај, оддалечен уште час возење. Во секој случај, патот се исплати – ресторанот е карактеристичен по свежата локална храна, добитник е на голем број признанија и ужива светска слава.

Шкотска

Фарските Острови – „Нордасти Хаги“
Фарските Острови се тешко достапни – се наоѓаат на половина пат помеѓу Исланд и Норвешка. Иако желбата да се стигне до островот е голема, тешко е да се дојде до „Нордасти Хаги“. Ресторанот е единствено достапен со пешачење или со изнајмување офроуд-возила – традиционалните патишта не водат до него. По 45-минутно возбудливо офроуд-возење по камени патишта и мочуришта, нетрпеливите патници мора да продолжат пешки уште 20 минути. Ресторанот се наоѓа во едновековна стара, рустична, селска куќа.

Нов Зеланд – „Фурно Лоџ“
„Фурно Лоџ“ се наоѓа во далечниот Марлборо Саунд на Нов Зеланд и има слични карактеристики како и „Фурно Бару“ и ресторанот „Хауден Рум“. „Лоџ“ и неговите два ресторана се многу изолирани и до нив може да се дојде исклучиво со чамци – не постои ниту еден пат што води до „Фурно Лоџ“. Наместо тоа да претставува недостаток, изолацијата е дел од искуството што доаѓа со „Фурно Лоџ“. Регионот е познат по својата недопрена дивина, идеална за активности на отворено, како планински велосипедизам и планинарење. Енергичните активности на отворено ќе го разбудат вашиот апетит за вкусна храна во секој агол на ресторанот под лоза.

Островот Пикерн – „Кристијан кафе“
Тешко е да се стигне до островот Пикерн, најслабо населениот предел во светот.
Се наоѓа во центарот на Јужниот Пацифик и до него се доаѓа само со брод. Дури и тогаш е тешко да се дојде до него поради острите карпи што доминираат во најголемиот дел од брегот. За да дојдете до островот Пикерн, потребно е прво да дојдете до Тахити со авион, а потоа до Мангарева, и на крајот, последните 300 милји да ги поминете со брод. Исто како и некогаш, и сега осамени крузери поминуваат покрај островот со 50 жители. Островот главно е осамен. Меѓутоа има кафуле, каде што можете да се опуштите и бар, именуван „Кристијан кафе“. По напорното патување ќе ви се отвори апетитот, па оброкот во барот е полн погодок.

Малдиви – „Итхаа“
„Итхаа“ ја носи титулата прв подводен ресторан во светот. Сместен е на брегот на Малдивите. „Итхаа“, што значи мајка на бисерите, се наоѓа на 15 метри под морската површина. Плафонот е од стакло, овозможувајќи им на посетителите да ги набљудуваат ајкулите, тропските риби, подводниот свет. Ресторанот е тешко достапен, како поради локацијата така и поради цените: прекрасните Малдиви се премногу оддалечени и се сѐ, освен евтини. Ресторанот нуди само 14 места и е високобаран, така што морате претходно да резервирате маса.

Занзибар – „Каменот“
„Каменот“ е релативно нов ресторан, отворен во 2010 година и се наоѓа на карпа недалеку од брегот на островот Занзибар. Најблискиот град се наоѓа на 15 минути возење, што и не е толку лошо, но за да се дојде до самиот ресторан е најчудниот дел од целиот пат. Начинот на кој ќе дојдете до „Каменот“ зависи од самото море – за време на осеката, посетителите може да стигнат до него пешки, но за време на плимата, тој е достапен само со чамец. Зависно од тоа колку време ќе останете таму, може да ви се случи да патувате на двата начина. Нетипичното патување, секако, вреди заради свежиот морски воздух и спектакуларниот поглед од 360 степени.

Занзибар

Кина – Чајџилницата на Хуашан Планина
Чајџилницата на врвот на планината Хуашан е број еден на оваа листа поради патеката, која ќе го раздвижи адреналинот низ вашите вени. Првиот дел од патот до неа ќе го поминете со гондола од јужниот врв. Ова не е ништо споредено со пешачењето што следува. Патот што води до чајџилницата е од дрвени штици, прикован со синџири на ѕидот на планината и завршува со долга низа скали. Топла шолја чај сигурно ќе ве смири по вртоглавиот пат.