Изгледа како коронавирусот да ги полудува луѓето. Додека вирусот мора да се сфати сериозно, некои луѓе прават работи, кои се едноставно апсурдни. Ви претставуваме неколку најчудни приказни со кој се сретнавме.
1. Ирански свештеник смета дека со примена на есенцијални масла во вашиот анус ќе се „излекувате од коронавирусот“
Ајатолахот Табризијан изнесе неколку смели тврдења изминатиов период, вклучувајќи го и тоа дека, според неговата процена, западната медицина е „неисламска“. Но неговото најголемо тврдење досега е дека есенцијалните масла од листови од љубичица, доколку ги применувате за вашиот анус, ќе ве „излекуваат“ од коронавирусот.
2. Бордел како „жариште“ за ширење на коронавирусот
Неодамна беше објавена вест дека 86 клиенти од бордел во Валенсија, Шпанија, биле ставени во карантин, откако една проститутка била тестирана позитивно на коронавирусот. Според полициските извештаи, дамата на ноќта спиела со неколкумина гости во истата вечер, ненамерно ширејќи го вирусот.
3. На еден човек му било наредено да биде во карантин, но наместо тоа тој отишол на настан
Еден од најдобрите начини да се запре ширењето на кој било патоген е да се изолираат оние што се заразени од другите луѓе. Токму тоа се обидел да го стори медицинскиот персонал во Њу Хемпшир со нивниот прв потврден случај на коронавирус. Но очигледно несвесен за ризиците од заразата, тој решил да оди на настан преку државната граница во Вермонт.
4. Луѓето, всушност, започнаа да изработуваат и да продаваат уметнички предмети инспирирани од коронавирусот.
5. Индиски законодавец смета дека урината од крава е идеално решение за ширењето на коронавирусот
Свами Чакрапани Махарај, претседател на Хинду Махасаба во Индија, има интересен предлог за забавување на ширењето на коронавирусот. Тој верува дека либералната употреба на урина од крава може да биде совршено средство за дезинфекција за ковид-19.
6. Истиот политичар од Индија со потенцијален лек за коронавирус – измет од крави
Свами Чакрапани Махарај, претседател на Хинду Махасаба во Индија, смета дека консумирањето измет од крави може да ја третира оваа болест. Тој исто така тврди дека секој што извикува „ом намах шивеј“, хиндуска мантра додека нанесува измет од крава на своето тело, исто така, ќе биде спасен.
7. Индиските политичари се чини дека се полни со идеи, може ли јогата да биде решение за вирусот
Уште еден индиски политичар, претседател на Владата на Утар Прадеш, Јоди Адитијанат, има уште едно интересно решение за да помогне во борбата против коронавирусот. Според него, коронавирусот може да се избегне ако некој го надмине менталниот стрес.
8. Кинеските купувачи ги опседнуваат аптеките за нешто што се нарекува „шуангхуанглијан“
Откако влијателниот кинеска државна новинска агенција „Ксинхуа“ објави дека нешто што се вика „шуангхуанглијан“ може да го „инхибира“ вирусот, многу аптеки во моментов се наоѓаат под опсада. Ова, според Хиндави.ком, е интравенска подготовка од растенијата анамска рака, скутеларија баикаленсис (Scutellaria baicalensis) и форситија (Fructus forsythiae). Според нивниот извештај, Кинеската академија на науките неодамна ги открила здравствените придобивки од ова откритие.
9. Лукот убива вампири, а очигледно го убива и коронавирусот
Според кажувањата на различни социјалните медиуми, домашната подготовка на лук зовриен во вода прави „чуда“ за ковид-19. И покрај тоа што вирусот уби илјадници луѓе досега, се тврди дека лукот би требало да може да ја излекува инфекција. Не сме сигурни во врска со тоа, но консумирањето лук, секако е добро за вашето здравје од многу други причини.