Котонистер е „супер-растението“ кое може да помогне во решавање на проблемот со загадениот воздух, велат истражувачи-експерти од британското кралско хортикуларно друштво. Тие ја истражувале ефективноста на живите огради за апсорпција на аерозагадувањето, споредувајќи различни видови на грмушки, како котонистер, глог и црвен кедар, пренесуваат медиумите.
На патиштата со густ сообраќај, растението котонистер (Cotoneaster franchetii) било за 20 отсто поефикасно во апсорпцијата на загадување во споредба со другите растенија. Други видови на растенија, пак, се покажале ефективни во разладувањето на згради и намалувањето на поплави, велат истражувачите.
Според ,
– Знаеме дека за само седум дена, добро одржувана густа жива ограда од котонистер, долга еден метар ќе го исчисти загадувањето што го испушта еден автомобил за време на 800 километри возење – вели Тијана Блануса, главен истражувач на овој проект.
Таа предлага растението да се засади покрај патиштата кои се најпрометни, додека во помалку загадени области препорачува да се засадат повеќе растенија кои биле вклучени во истражувањата.