Во Домот на армијата вечерва ќе биде одржан концерт на ансамблот на Сахадева, каде што ќе настапат музичари и пејачи од различни страни на светот со музика и поезија на индискиот композитор Шри Чинмој. Сахаведа е успешен пијанист, кој живее во Лондон, а студирал музика и медитација под водство на Шри Чинмој.
Неговите аранжмани се сметаат за џез-патување што ги отелотворува чистотата и надежта за единство и мир во светот. Специјални гости на ансамблот се Премик Расел Тубс, композитор, продуцент и познат инструменталист, кој свири на разни флејти и саксофони и Шамита Аченбах-Кониг, виолончелист во Виенската филхармонија.