Кон крајот на 16 век, неколку картографи создадоа географски карти на кои државите и континентите ги претставија во човечки и во животински облик. Меѓу најраните примери на овој тип карти е „Кралицата Европа“ (Еуропа регина) објавена во 1570 година од страна на швајцарскиот картограф Себатијан Мунстер во неговата „Космографија“.
Европа е претставена како млада и грациозна кралица. Нејзината круна е поставена во Шпанија, Франција и Германија го сочинуваат горниот дел од нејзиното тело, при што Бохемија е нејзиното срце. Нејзината долга наметка се протега во Унгарија, Полска Литванија, Русија, Македонија и во Грција. Италија е десната рака на Европа, а Данска левата рака. Африка, Азија и Скандинавскиот Полуостров се само делумно прикажани.