Каролин Јури се откажа од титулата Мис на светот, по предизвиканиот скандал за време на изборот за убавина на Шри Ланка, кога ја нападна победничката со цел да ѝ ја одземе круната, пренесува „Ал Џезира“.
Јури се откажа од круната, но останува на ставот дека избраничката Пушпика Де Силва не смеела да се пријави на националниот избор бидејќи е во процес на развод од нејзиниот сопруг. За да се квалификуваат за титулата за убавина, натпреварувачките мора да бидат во брак. Де Силва е разделена од нејзиниот сопруг, но тие сѐ уште законски се во брак. Де Силва ја добила назад круната за Мис на Шри Ланка од страна на организаторите.
Свеченоста, која била пренесувана во живо на 4 април на националната телевизија, ги вознемири и збуни гледачите во Шри Ланка. Во инцидентот, Де Силва се здоби со повреди на главата и мораше да ја напушти бината, откако Јури се обиде да и ја одземе круната. Четири дена подоцна, Јури била уапсена и потоа ослободена со кауција.
Според нејзините зборови, Јури дала отпор на неправдата нанесена за време на натпреварот, нагласувајќи дека жирито е корумпирано и требало подетално да ги провери податоците на кандидатките.