Режија: Филип Лоуторп
Улоги: Кира Најтли, Bеј Бакли, Шарлот Спенсер, Кили Хоуз, Суки Ватерхаус…
Ова е филмска приказна за жените што решија да го нарушат натпреварот Мис на светот, одржан во Лондон во 1970 година. Тогаш, првпат во историјата, победник не беше Мериори Кристел Јохансон, фаворит од Шведска, туку модел со темна кожа, 22-годишна претставничка на Гренада, Џенифер Хостен. А емисијата Мис на светот беше најпопуларна на планетата, гледана од над 100 милиони гледачи во светот. За време на преносот во живо на натпреварувачката програма до мултимилионска публика, група радикални феминистки излетаа на сцената, тврдејќи дека ова шоу јавно ги понижува сите жени. Во текот на една вечер, светот виде дека патријархатот беше протеран од сцената, а западните стандарди за убавина се променија за да ги вклучат сите жени, без оглед на бојата на кожата.