Во новиот филмски предизвик „Форд против Ферари“, за кој деновиве беше објавен трејлер, Мет Дејмон и Кристијан Бејл кај гледачите ќе ја разбудат потребата за брзина. Во првите сцени Дејмон ќе го видиме како визионер на американскиот дизајнер на автомобили „форд“, а Бел како бестрашниот британски возач Кевин Мајлс, додека се обидуваат да создадат автомобил што ќе го надмине оној на компанијата на „Енцо Ферари“.
Филмот, кој го режира Џејмс Менголд, е заснован на вистинита приказна и ги следи Шелби и Мајлс, како се борат против корпоративните сплетки, законите на физиката и нивните лични демони, за да го создадат револуционерниот автомобил за компанијата „Форд“, кој ќе може да се натпреварува со „Ферари“ во Франција во 1966 година.
Трејлерот го прикажува адреналинот на трките, а Бејл и Дејмон настапуваат заедно со импресивна актерска екипа.
Филмот ќе почне да се прикажува на 15 ноември.