Хелико-бактеријата предизвикува инфекција што денес ја има половина од популацијата, најчесто се населува во желудникот, а го зголемува ризикот од рак на желудникот. Имено, искоренувањето на бактеријата што предизвикува чир на желудникот може да ги преполови шансите за рак на желудникот, кај луѓето во чии семејства некој член имал ваков тип канцер.
Новото истражување што опфатило околу 1.676 доброволци и траело околу 9,2 години, било обид да се дознае дали искоренувањето на бактеријата со помош на антибиотици и лекови што го блокираат создавањето желудочна киселина, може да го намали ризикот од канцер. Од 844 лица на плацебо-терапија, 2,7 отсто развиле рак, додека кај групата што била на терапија со антибиотици, ракот се појавил само кај 1,2 отсто. Во 30 отсто од случаите, терапијата со антибиотици не ја уништила хелико-бактеријата. Но ризикот се намалил на 0,8 отсто, што значи дека имале 73 отсто помали шанси за појава на рак на желудникот.
– Резултатите се добра вест, бидејќи сметаме дека еднонеделното или двонеделното земање антибиотици може да спречи рак на желудник – изјавил авторот на истражувањето, Ил Ју Чои од Јужнокорејскиот национален центар за борба против рак.