Симптоми на предијабетес што не треба да се игнорираат
Предијабетес е матеболичка состојба тесно поврзана со дебелината. Доколку навреме не се дијагностицира, може да прерасне во дијабетес од типот 2, заедно со сите негативни последици што овој здравствен проблем со себе ги носи.
Но добрата вест е тоа што предијабетесот е реверзибилен. Колку побрзо го препознаете проблемот побрзо ќе оздравите. Со правилна исхрана и редовно вежбање можете да ја намалите можноста да добиете предијабетес.
Неколку симптоми можат да ве предупредат: висок крвен притисок, замаглен вид, проблеми со кожата (чешање на екстремитетите, особено на нозете), гихт, постојано чувство на глад, екстремен замор…
Еден од симптомите што може да сигнализира на предијабетес е и зголемено чувство на жед, особено по оброкот. Вашето тело почнало да го елиминира вишокот гликоза во крвта, а еден од начините за тоа е разредување на крвта и испуштањето на шеќерот преку урината. Тоа ќе доведе до дехидрираност на организмот и чувство на хронична жед.
Доколку препознаете некои од овие симптоми, тоа е знак дека нешто морате да смените во вашето секојдневие за да останете здрави. Првиот чекор е да го посетите својот матичен лекар и да направите крвна слика.