Најдобри чаеви што ќе ви помогнат да ослабете
Доколку сте во процес на слабеење, некои чаеви ќе ви помогнат да постигнете подобри резултати. Овие напивки содржат катекини, кои го забрзуваат метаболизмот, а некои содржат и кофеин, кој на телото му дава енергија за согорување на калориите.
Зелениот чај е богат со антиоксиданси, како што се катекин и епигалокатехин галатом, кои помагаат во согорувањето на мастите и го забрзуваат метаболизмот.
Црниот чај има многу корисни ефекти, а истражувањата покажаа дека три чаши дневно можат да ја намалат можноста за дебелеење. Белиот чај е богат со полифеноли што ги согоруваат калориите и се одлични за телото при процесот на слабеење.
Оолонг е кинески чај што ја поттикнува термогенезата и му помага на телото да се стопли и така да согорува калории. Всушност, овој чај прави чуда за оние што се на диета.
Ројбос е исто така многу лековит чај, а се прави од јужноафриканска билка што содржи кофеин, но позната е и како согорувач на масти.
Пу-ерх е вид црн чај што се произведува во кинеската провинција Јинан. Истражувањата покажаа дека е доволна една чаша на ден за да се поттикне процесот на слабеење.