Сонот го чисти мозокот и ја намалува деменцијата
Квалитетниот сон го чисти мозокот и помага во намалувањето на деменцијата, ова е заклучок од најновото истражување спроведено на Универзитетот во Бостон, САД. Испитувањата се темелат на анализи, кои покажале дека мозокот работи наместо да се одмора и кога спиеме.
Без добар сон нашиот мозок не може ефикасно да функционира. Поради тоа лицата со деменција често страдаат од несоница, пишува сајтот „Хелтлајн“.
– Додека спиеме, нашиот лимфен систем влегува во акција за да ги исчисти протеините и токсините – вели д-р Алон Ј. Авадин, директор на Центарот за нарушувања во текот на спиењето, при УКЛА.
Тој е и професор на одделот за неврологија на медицинската школа „Дејвид Гифен“.
– Овие протеини се штетни за клетките, за невронот, а нивното натрупување може да доведе до нивно воспаление и дегенерација во мозокот, кои со текот на времето може да придонесат за развој на Алцхајмерова болест – вели докторката Хедер Шнајдер.
Стручњаците констатирале и дека лошиот сон може да доведе до анксиозност и депресија.