Поздраво е да спиеме во студена соба
Спиењето во премногу топла соба предизвикува непријатност и потење, а истовремено така пропуштаме многу погодности што би можеле да ги имаме ако спиеме во студена соба. Стручњаците велат дека ако спиеме на студено, ќе изгледаме помладо, поради тоа што така се поттикнува хормонот мелатонин, кој не само што е гаранција за добар сон туку е и антиоксидант. Исто така ако спиеме во постудено, има помали шанси за несоница, a така се контролира и ослободувањето на хормонот на стресот, кортизол.
Спиењето во студена соба ги намалува шансите за развој на метаболички болести, како дијабетес. Исто така го подобрува нивото на хормонот на растењето и помага за превенција од болести на срцето, а ги намалува шансите за прекумерна тежина и за депресивно расположение.
Зголемениот мелатонин го намалува и ризикот од Алцхајмерова болест, ги намалува болките и воспалителните процеси, а исто така и можноста од габични инфекции. Исто така, кога сме во длабок сон, побрзо се согоруваат мастите.