Грешки при користењето средства за дезинфекција
Од појавата на коронавирусот, стручњаците секојдневно советуваат да се користат средства за дезинфекција доколку не сте во можност да ги измиете рацете. Иако тие можат да помогнат при отстранувањето на бактериите, има работи што треба да ги одбегнувате кога ги користите.
Епидемиологот К.Ц. Рундело напоменува дека сите средства за дезинфекција не се исти. Тој препорачува употреба на оние што содржат најмалку 60 отсто алкохол или 70 проценти изопропилен алкохол, бидejќи со нив поуспешно се отстрануваат бактериите.
Исто така, треба да ја прочитате етикетата на производот за да утврдите дали состојките на средството ги убиваат вирусите и бактериите.
Треба да се избегнуваат производи што содржат метанол, кој може да биде токсичен кога се апсорбира преку кожата или ако се проголта.
Исто како миењето на рацете и нанесувањето на средството треба да трае најмалку 20 секунди, односно додека не исчезне од површината на раката.
Кој било дел од раката ако не го исчистите може да содржи честички од вирусот. Доколку рацете ви се валкани или мрсни, ефектот нема да биде ист и ќе ви даде лажно чувство на безбедност.