Брендот „Мател“ кој стои зад куклата Барби – објави нова линија на играчки инспирирани од здравствените работници кои се справуваат со пандемијата, пренесува „Метро“. Колекцијата „Ви благодариме херои“ има 16 различни фигури кои претставуваат лекари, медицински сестри и возачи за испорака.
Брендот, исто така ќе произведува и детски сет од пет ликови од општеството, составен од лекар, медицинска сестра, вработен во итна помош, возач на испорака и работник во продавница за намирници.
Колекцијата има цел да ги учи децата за работата на службите за итна помош, а преку нејзината продажба ќе собираат средства за помош на овие секојдневни херои.
Со собраните средства ќе се помогне во обезбедување на основна заштитна опрема, сместување, грижа за децата, храна, поддршка за ментално здравје и други ресурси за здравствените работници.