По три години пауза, Масимо Савиќ, еден од најквалитетните пејачи на Балканот, омилен кај скопската публика, на 3 и 4 февруари ќе одржи два ексклузивни концерта во салата на Македонската филхармонија, во организација на продукцијата „Авалон“.
Во придружба на својот бенд, Масимо ќе ги изведе своите најголеми хитови: „Странац у ноќи“, „Из једног погледа“, „Да могу“, „Сузе нам стале на пут“, „Додирни ме случајно“, „Остани ту“, „1.000 људи“, „Кладимс е на нас“ и уште многу други песни што ја одбележаа неговата 30-годишна музичка кариера.
Влезниците ќе бидат пуштени во продажба денеска во 9 часот.