Завршувајќи го патувањето што траеше 26 години, хитот на Мараја Кери „All I Want For Christmas Is You“ стигна до местото број 1 на табелата за синглови во Велика Британија. Преземен од албумот на Кери „Merry Christmas“ од 1994 година, модерниот класик првично не успеваше да го освои првото место, кое му припаѓаше на хитот „Stay Another Dаy“ на „Ист 17“. Сепак, Кери конечно се искачи на врвот оваа недела, откако беше емитувана неверојатни 10,8 милиони пати.
– Среќен Божиќ, Велика Британија! Конечно успеавме! Го одржуваме божиќниот дух жив сите заедно и покрај тоа што оваа година беше тажна – рече Кери кога ја слушна веста. Мараја е пред Аријана Гранде на врвот на топ-листите, во време кога божиќните песни продолжуваат со годишното преземање на топ 40.
Празничните песни заземаат 22 од најпродаваните музички записи на неделата, со шест во првите 10 – вклучувајќи ги „Last Christmas“ на „Вем“ на второто место и „Fairytale Of New York“ на Кирсти Мекол на четвртото место.