Низ историјата мал број жени владееле на африканскиот континент, само десет
Жените, политиката и Танзанија
Сами Сулуху Хасан првпат беше избрана за потпретседателка на Танзанија во 2015 година, а минатата година освои уште еден мандат. Според танзанискиот устав, таа сега треба да помине уште пет години на функцијата претседател. Во моментов е втора жена на чело на една африканска земја. Сале Ворк Зиуд е исто така претседателка на Етиопија, избрана во парламент. Низ историјата, мал број жени владееле на овој континент.
Популарно е позната по прекарот Мама Сами – во танзаниската култура ваквите прекари укажуваат на тоа дека некој ужива голема почит.
Одлуката на Магафули да се кандидира за потпретседател во 2015 година изненади многумина. Во пресрет на изборите, таа се стекна со предност пред некои од познатите и најистакнати членови на партијата Чама Ча Мапиндузи (ССМ), која е на власт во различни форми од стекнувањето на независност во 1961 година. Хасан првпат беше избрана на јавна функција во 2000 година, а на целата нација ѝ стана позната во 2014 година, кога беше назначена за потпретседателка на Уставното собрание задолжено за донесување нов врховен државен правен акт. Таму, нејзиното мирно однесување и начинот на управување со одредени напнати ситуации ѝ донесоа симпатии во јавноста и кај колегите од светот на политиката. Како личност, Хасан е целосна спротивност на Магафули. Се чинеше импулсивен на моменти, зборуваше без ракавици, а таа е позамислена и внимателна. За Хасан исто така се вели дека може добро да ги слуша своите соговорници и строго да ги следи процедурите.
Способен лидер
Џенуари Макамба, член на парламентот, кој работел со неа во кабинетот, ја нарече најценета политичка фигура во Танзанија.
– Ги набљудував нејзината работна етика, природата и начинот на кој донесува одлуки. Таа е многу влијателен лидер – рече Макамба.
Но сè уште не се целосно јасни нејзините политички ставови. Едно од првите прашања ќе биде дали таа ќе заземе скептичен став кон пандемијата на коронавирусот како нејзиниот претходник. Несомнено е дека таа била верен соработник на претседателот, но не се двоумела да соопшти кога размислува поинаку. Можеби најдобриот доказ за тоа беше 2017 година, кога го посетила лидерот на опозицијата Тунду Лису во болница во Најроби, главниот град на Кенија, откако преживеал обид за атентат. Во јавноста имаше гласини дека агенти на државната тајна служба се вклучени во тој настан, па нејзините фотографии од болницата беа изненадување за јавноста во Танзанија.
Повлечена личност
И покрај фактот дека таа е потпретседателка на државата од 2015 година, а претходно беше министерка, малку се знае за нејзиниот приватен живот. Родена е во 1960 година во Занзибар – полуавтономен остров крај брегот на Танзанија. Подоцна се запишала на студии за јавна администрација, најпрво во Танзанија, а потоа своето образование го продолжила во Манчестер. Во 1978 година се омажила за Хафид Амеир, но тој исто така го избегнува јавниот живот. Двајцата не се фотографирани заедно откако таа беше избрана за потпретседателка. Тие имаат четири деца, од кои едниот е син, Мвану Хафид Амеир, кој во моментов е член на парламентот.
Жените шефови на држави во Африка
1993/1994 – Силви Кениг – вршителка на должноста претседател на Бурунди по атентатот врз претседателот Мелкиор Ендадај
1996/1997 – Рут Пери – шефица на Државниот совет на Либерија по првата граѓанска војна
2006/2018 – Елен Џонсон Сирлиф – избрана за претседателка на Либерија
2009 година – Роуз Франсин Рогомбе – вршителка на должноста претседател на Габон по смртта на Омар Бонг
2012 година – Моник Охсан Белепо – претседателка на Маврициус по оставката на Анеруд Југнаут
2012 – Џојс Банда – претседателка на Малави по смртта на Бингуа и Мутарике
2014-2016 – Кетрин Самба Панза – привремена претседателка на Централноафриканската Република
2015-2018 – Амена Гуриб Факим – претседателка на Маврициус, избрана во парламент
2018 – Сале Ворк Зиуд e актуелна претседателка на Етиопија, избрана во парламент