Се сеќавате ли на тримесечното кафено мече што беше пронајдено со повреда на задните нозе пред четири години во шумите во Тетовско?! Четири дена за него се грижеа во селото Теарце, а потоа го презеде Македонското здружение за заштита на бувовите (МОТ), кое го негуваше во соработка со ветеринарниот центар „Д-р Диме“. Откако беше обезбедена потребната документација замина во Грција, најпрво во Универзитетската ветеринарна болница во Солун, каде што беше лекувано, а потоа во резерватот „Арктурос“.
Бидејќи кафената мечка е заштитен, загрозен и редок вид во нашата држава, беше планирано престојот во Грција да биде привремен, додека мечето биде подготвено да се врати во македонските шуми. Меѓутоа откако во Грција констатираа дека не може да се излекува и дека задните нозе нема да профункционираат, мечето остана во центарот за диви животни „Арктурос“, каде што ќе го помине животот со помагала на задните нозе за да може да се движи.
Центарот „Арктурос“ деновиве објави фотографија од мечето денес.