Дванаесетгодишно момче од Сиднеј ја украло кредитната картичка од своите родители, ја измамил бабата да му го даде пасошот и одлетал на Бали по семејната кавга.
Сакал да оди на Бали, но мајка му не му дозволувала. Но, тоа не го спречило во неговата намера. Откако истражил кои компании дозволуваат 12-годишници да патуваат без придружба и пронашол начин како да ја напушти земјата без проблеми, резервирал лет и хотелска соба.
На родителите им рекол дека ќе оди на училиште и со тротинет отишол до локалната станица од каде со воз се упатил до аеродромот, се чекирал на терминал и заминал за Перт, а потоа за Индонезија.
Единствено вработените на аеродромот во Перт му побарале да докаже дека има повеќе од 12 години.
– Беше прекрасно бидејќи сакав авантура- изјавило момчето.
Кога стигнал во Бали, на персоналот во хотелот им рекол дека ја очека сестра му, по што се чекирал.
Семејството од училиштето било известено дека нивниот син е отсутен, за потоа да дознаат дека отишол на Бали.
Неговата мајка Ема, кога дознала веднаш отишла по него.
-Бевме шокирани. Не постои емоција со која би објаснила како се чувствувавме кога дознавме дека е во странство- вели мајката.