Самурај инспириран од симболите на Македонија

Летните олимписки игри во Токио веќе се во тек, а група аниматори се надева дека ќе помогне луѓето да ги зафати олимпискиот дух и дека ќе се заинтересираат за јапонската култура претворајќи ги знамињата на земјите-учеснички во ликови на самураи.

Проектот е наречен Светско знаме и во него се застапени бројни земји, меѓу кои ја има и Македонија.

– Силна независност и неверојатно лидерство. Пријателски настроен кон сите – се вели во описот на самурајот со македонското сонце на градите.

Јамајка

– Самураите се посебно обележје на Јапонија и сакаме сите подобро да ја запознаат јапонската култура – вели авторот Камаја Јамамото.

Тој своите цртежи ги прави така што првин ја истражува историјата на некоја земја, како и нејзините бои, а потоа ја проучува и нејзината култура.

Аргентина,Турција и Грција

Јамамото ги спојува сите овие елементи за да создаде самурај во аниме-стил, кој исто така е синоним за Јапонија.

Иако веќе не постои „бушидо“ – војнички кодекс заснован на чест и дисциплина, тие вредности и денес се многу важни за јапонската култура, па неслучајно самураите се претставени токму така.

Јапонски самурај

Иако проектот целосно ги промовира Олимписките игри во Токио, петнаесетте луѓе што работат на него не заработуваат од тоа, работејќи и во своето слободно време.

Досега нацртале 84 од 200 земји и имаат многу соработувачки пристап во работата – додека ги креираат ликовите прават анкета на Твитер и бараат луѓето да гласааат за најкарактеристичниот симбол на нечија земја.

Република Ирска

– Признавам дека некои од ликовите се стереотипи затоа што се засновани на вредностите од јапонскиот свет – вели Јамамото.

Авторите се надеваат дека проектот ќе го претворат во манга-стрип или аниме-серија.

Парагвај, Колумбија и Костарика