На мултимедијалниот фестивал „Преспаленд”, деновиве ќе се случи Отворено кино со македонски филмови и концерти на македонски музички ѕвезди.
Во сабота, по повод одбележување на Преспанското советување, на Споменикот во Отешево под отворено небо ќе бидат прикажани филмовите „Балканот не е мртов” на Александар Поповски со почеток во 20 и „Џган” на Вардан Тозија со почеток во 22 часот.
На ден Илинден, на 2 август, со почеток од 20 часот во Амфитеатарот во Ресен, концерт ќе има еден од најдобрите македонски етно состави- Љубојна, а по нив следува акустичен концерт на Слаткаристка.
Влезот за сите посетители е бесплатен.