Оркестарот на Македонската филхармонија, заедно со африканската ѕвезда Феми Кути и Емин Џијан како диригент, на 13 септември ќе одржат концерт во Белград на отворено, во прекрасниот амбиент на Калемегдан. Овој грандиозен проект премиерно беше одржан во Скопје под името „Филхармонија на отворено“ во Градскиот парк на 7 јуни, пред околу 15 илјади посетители.
Нигерискиот музички уметник, принц на афробитот и достоен наследник на неговиот татко, култниот Феми Кути, повторно настапува во Белград со својот бенд „Позитив форс“, но за белградската публика, како и за светската публика, е новитет неговата соработка со симфониски оркестар, за чии аранжмани на композициите се погрижи Емин Џијан. И на концертот во Белград ќе бидат изведени најголемите хитови на Феми Кути, кои се наоѓаат на сите десет негови објавени албуми, од кои четири беа номинирани за престижната награда „греми“.
Предгрупа на Феми Кути и Македонската филхармонија ќе биде белградскиот состав „Игор Винс енд хис драм, брас енд кис“, чија музика е фузија од реге, фанк, латино, афробит и соул. Перкусионистот Игор Винце е всушност долгогодишен член на бендот на Феми Кути – „Позитив форс“.