Поп иконата Мадона најави дека ќе режира филм за својот живот и кариера, пренесува Би-би-си. Таа исто така ќе го пишува сценариото за филмот заедно со Дијабло Коди, познатиот сценарист и добитник на наградата „оскар“ за филмовите „Џуно“ и „Адолесцент“.
Мадона ќе го режира својот биографски филм во продукција на „Јуниверзал Пикчрс“, куќа која претходно ја налутила пеачката бидејќи имале „неофицијална“ нивна верзија базирана на нејзиниот живот.
Од сценариото се очекува да го прикаже нејзиниот подем започнувајќи од Мичиген, потоа во сиромашните квартови на Њујорк, па се до нејзиниот успех како суперѕвезда на глобално ниво.
Мадона изјавила дека филмот ќе се фокусира на музика.
– Музиката ми помагаше да продолжам да напредувам, а уметноста ме одржуваше во живот – кажала Мадона
Сè уште неименуваниот проект-филм ќе биде трет во кој Мадона е режисерка.