Со улогата на пејачка во подем во „Ѕвездата е родена“, Лејди Гага (33) ја воодушеви публиката минатата година. Со таа улога таа предизвика озборувања дека е во врска со Бредли Купер (44). Според американските медиуми, пејачката прифатила нова улога и ќе ја глуми сопругата на убиениот наследник на династијата „Гучи“, позната како „Црна вдовица“.
Гага ќе ја игра Патриција Реџени, која помина 18 години во италијански затвор поради нарачување на убиството на нејзиниот сопруг Маурицио Гучи во 1995 година во Милано.
Овој криминал сè уште се смета за еден од најкрвавите во историјата на високото италијанско општество. „Црната вдовица“ беше ослободена од затвор во 2016 година.
Според „Дедлајн“, филмот требаше да го режира и продуцира Ридли Скот, но информациите сè уште не се потврдени ниту од портпаролот на Гага, ниту од портпаролот на Скот.