Поп-ѕвездата Лејди Гага нуди награда од половина милион долари за враќање на нејзините украдени француски булдози, Коџи и Густав, пренесуваат светските медиуми.
Два од трите француски булдози на Лејди Гага биле украдени покрај нејзината вила во Малибу, во насилен инцидент во кој бил застрелан човекот задолжен за чување и за шетање на кучињата. Тој моментно закрепнува во болница, како што пренесе „Њујорк пост“. Третото куче кое се вика Азија успеало да избега и полицијата во меѓувреме го пронашла.
Овој инцидент е последен од неколкуте насилни кражби на француски булдози во САД во изминатите неколку месеци.
Лејди Гага моментно се наоѓа во Рим, Италија, каде што го снима својот нов филм „Гучи“.