Луксузен мебел од легендарниот париски хотел „Риц“ беше продаден на аукција за рекордни 7,3 милиони евра, соопшти аукциската куќа „Арткуриал“.
Хотелот, кој е отворен во 1898 година и извесен период бил дом на Ернест Хемингвеј, Марсел Пруст и Коко Шанел, понуди десет илјади предмети и сите беа продадени на аукцијата.
Меѓу парчињата мебел и останати украсни предмети се наоѓаат и столици од барот „Хемингвеј“, харфа од салата „Пруст“, но и када од 19-от век.
Аукциската куќа соопшти дека продажбата на предметите од „Риц“ во светски рамки ги надминала според добивката сличните вакви аукции.
На продажба беа понудени предметите кои хотелот одлучи да не ги задржи по четиригодишното реновирање и отворањето во јуни 2016 година.