Јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин ги претстави кученцата од леглото на кучката Гоми, која претставуваше „мировен подарок“ од севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун, пренесува Би-би-си.
Ким Јонг-ун неодамна му подари на Мун Џае-ин два корејски ловечки песа, со цел да ги зацврсти врските на Корејскиот Полуостров. Едно од т.н. „мировни кучиња“, Гоми, окоти пет кученца.
Претседателот Мун Џае-ин објави фотографии од кученцата на Твитер.
– Бидејќи бременоста кај кучињата трае околу два месеца, Гоми веројатно дошла бремена кај нас. Се надевам дека вакви ќе бидат и меѓукорејските односи – напиша Мун Џае-ин на Твитер.
Неколку дена по раѓањето на кученцата, Јужна Кореја испрати авиони со мандарини во Пјонгјанг, додека Северна Кореја претходно прати печурки во спротивен правец, по една од трите средби помеѓу Ким Јонг-ун и Мун Џае-ин кои се случија годинава.