Синот на принцот Хари и на Меган Маркл, Арчи, на својот роденден ќе ужива во друштво на своите родители и „најдобрите пријатели“ – двете домашни кучиња, поради мерките за изолација, изјави кралски експерт за „Експрес“.
За Арчи првиот роденден ќе биде многу поинаков од она што првично го планирале неговите родители бидејќи тричленото семејство продолжува да се придржува кон мерките за изолација во Лос Анџелес, градот во кој сега живеат.
Ова значи дека парот нема да може да ги покани нивните најблиски и пријателите за да го прослават лично роденденот на Арчи.
Сепак, малиот Арчи нема да биде осамен на неговиот голем ден, бидејќи е подготвен да ужива не само во друштвото на неговата мајка Меган и таткото Хари, туку и на неговите „најдобри пријатели“, кучињата на семејството, рече кралскиот експерт Кејти Никол.
– Тие домашни миленици се многу добри со Арчи и тој е навикнат на нив. Без можност за друго друштво, мислам дека тие се неговите најдобри пријатели во моментот – вели Никол.
Меган и Хари поседуваат две кучиња, англискиот трагач Гај и лабрадорот Оз.
Кејти Никол верува дека денес Арчи може да да ужива во домашна торта подготвена од војвотката од Сасекс, подароците и во забава покрај базен.
– Меган е неверојатна готвачка и сака да биде креативна во кујната, така што мислам дека ќе се зафати со печење и Арчи ќе може да ужива во неговиот прв вкус на роденденска торта оваа недела. Тортата ќе биде органска и можеби без шеќер. Нешто соодветно здраво за едногодишно дете. Ако времето е добро, мислам дека ќе има и плискање околу и во базенот – смета Никол.
Славеникот Арчи, најверојатно ќе има серија телефонски повици од Велика Британија, од кралицата, принцот Чарлс и од братучедите од Кембриџ кои се подготвуваат да му посакаат среќен роденден на Арчи, вели експертот.
– Кралицата ќе му посака среќен роденден оваа недела преку Зум, како и братучедите од Кембриџ. Тие не го виделе својата мал братучед со месеци, па однапред се радуваат да го видат колку е пораснат – додава Никол.
Меган и Хари најверојатно нема да го разгалат својот син со премногу подароци, според Никол, бидејќи тие веруваат дека е поважно да го одбележат денот со нешто значајно, отколку да трошат пари за подароци во кои нивниот син ќе ужива само за неколку месеци. Таа рече Арчи има сè што му треба, па неговите родители не трошат многу пари за играчки и облека.
– Подароците за неговата нова соба ќе бидат добредојдени, но тие ќе ги ценат и подароците што содржат значење не само материјална вредност, како што е донација за добротворна организација за деца или спонзорирање на животно во дивината – објаснува Никол.
Имајќи го ова предвид, обожавателите на Меган и Хари во последните неколку недели собираа пари за да го одбележат роденденот на Арчи.
Арчи е осми правнук на кралицата Елизабета Втора. Кралицата објави слика на профилите на кралското семејство на Твитер и на Инстаграм, направена кога се сретнала со Арчи во замокот Виндзор по неговото раѓање.
Таа покрај сликата напишала „Среќен роденден на Арчи Маунтбатен Виндзор, кој денес го слави својот прв роденден! „Арчи е осмиот правнук на кралицата“.
На сликата, Меган го држи Арчи покрај нејзината мајка Дорија Рагланд, кралицата, принцот Филип и принцот Хари.