Кралицата Елизабета Втора идниот вторник ќе биде во Виндзор за нејзиниот 94-ти роденден, но ја откажа нејзината роденска прослава. Ова е вторпат како кралицата ја откажува својата роденденска прослава, овојпат поради коронавирус. Првиот пат причина била роденденот на Хитлер, пренесува „Дејли мејл“.
Една од нејзините две преживеани деверуши, лејди Памела Хикс, која денес полни 91 година, открива зошто била откажана роденденската забава првиот пат.
– Таа живееше со нас кога принцот Филип служеше во морнарицата, и ние решивме, бидејќи мојот роденден е на 19 мај, а нејзиниот на 21 мај, да имаме заедничка прослава – вели лејди Памела, ќерка на Првиот Ерл Монтбатен од Бурма.
Тогаш помисливме „да бидеме фер, подобро да биде на денот помеѓу двата родендена на 20-ти“. За жал, кога видовме дека тогаш беше роденден на Адолф Хитлер, го откажавме и тој датум“, вели лејди Памела.
Сега со нетрпение очекуваме да се поздравиме со пријателите и семејството повторно со бакнеж или ракување. Можеби да треба да помине доста време, предупредува советникот за стилови, Питер Јорк.
– Луѓето ќе бидат многу нервозни околу тоа, многу долго. Секој човек е опасност за вас, вклучително а особено оние што ви се најблиски. Наместо тоа, би можеле да го следиме примерот на принцот од Велс и да го искористиме хиндуистичкиот поздрав со дланки што се допираат и со прстите нагоре – намасте. Намасте е поздрав што кажува јас се поклонувам на божественото во вас. Овој поздрав е многу симпатичен кога тоа го прави принцот Чарлс. Тој е многу љубезен човек – заклучува Јорк.