Крадец кој украл вредна статуа на Исус од црква во германскиот град Мехнеси, се вратил неколку дена подоцна за да му го предаде лично украдениот предмет на еден свештеник.
– Тој се приближи и ја извади статуата од јакната – рече свештеникот Луџер Ајлебрехт.
За време на разговорот што следел, крадецот му рекол на свештеникот дека ја украл статуата затоа што сакал лично да му ги објасни своите проблеми на Исус.
– Фала му на Бога, статуата е безбедна и неоштетена. Целата парохија е среќна што ја врати. Таа е повторно на место – рече свештеникот.
Иако Ајлебрехт не можел да обезбеди информации за вредноста на статуата, тој вели дека нејзината вредност за заедницата е непроценлива.
Статуата на Исус исчезна од црквата Свети Панкрас стара 300 години. Свештеникот вети дека ако крадецот ја врати нема да биде казнет.