Александар Ристовски-Принц и Сара Мејс подготвуваат промоција на песната „Копито“. Песната е комплетно авторско дело на Принц, а вокалот е на Сара Мејс. Во меѓувреме работат и на видеозапис за песната. Во „Копито“ Александар Ристовски-Принц свири гитара, Џоле Максимовски бас и Дино Милосављевиќ тапани. Уникатната фотосесијата е на Дарко Мораитов.
– Тотално забавно, интересно и необично искуство имаме за време за снимањето. Мислам дека беше така за сите и дека ќе го паметиме ова снимање. Имаше паѓање, судири и слични незгоди… премногу се смеев, на моменти дури и не можев да се фокусирам на мојата улога, од толку смеење – изјави Сара Мејс.
Планирано е спотот да се објави на крајот на месецот.
– Правиме музика што ни се допаѓа и спотови во кои се забавуваме, а не сакајќи сѐ си изгледа кул – вели Александар Ристовски-Принц.