Кометата Неовајс минатата недела помина покрај Меркур, а близината на Сонцето овозможи прашината и гасот од нејзината површина да направат голема опашка. Според експертите на НАСА, кометата се движи кон Земјата и ќе се приближи до Земјината орбита за две недели.
Телескопот на НАСА ја откри кометата Неовајс во март, а научниците што учествуваа во таа мисија тврдат дека таа е долга пет километри. Нејзиното јадро е обложено со честички што се формирале во нашиот Сончев Систем пред 4,6 милијарди години.
– Кометата ќе може да се види од Земјата до средината на август, а потоа ќе се оддалечи на својот пат кон друг систем. Таа ќе биде видлива со голо око во текот на ноќните часови и без многу светлосна рефлексија од земјата, но за да може да се види нејзината долга опашка е потребен двоглед – се наведува во соопштението на НАСА.