Управниот одбор на Американската филмска академија, која го доделува престижниот Оскар, ги отфрли од членство Бил Козби и Роман Полански кои се осудени поради сексуални деликти.
Американската филмска академија во четвртокот објави дека нејзиниот одбор на директори се состанал во вторникот вечерта и гласал за нивниот статус во согласност со стандардите на однесување, објави АП.
Режисерот и актер Роман Полански во САД се води како бегалец откако се изјасни за виновен за незаконски сексуален однос со малолетно лице, а потоа избега од САД во 1978 година.
Комичарот Бил Козби минатата недела е осуден по три точки, за злоупотреба на дрога и злоупотреба на неговата поранешна пријателка Андри Констанд во 2004 година. Констанд е една од 50-те жени кои го обвинија Козби за сексуален напад.
Американската филмска академија, која стои зад доделувањето на Оскарите, во октомври го отфрли од нејзиниот комитет холивудскиот продуцент Харви Вајнштајн поради скандалот за злоставување кој предизвика осуда ширум Америка и пошироко, и ја започна кампања (#MeToo).
Во оваа кампања учествуваат жртви на сексуално насилство и злоупотребените почнаа масовно да го ставаат хаштагот на социјалните мрежи и да го откриваат идентитетот на лицата кои ги нападнале.