Првото издание на книгата „Хари Потер и каменот на волшебникот“ продадено е во САД за 471.000 долари, што, според аукционерите, е светски рекорд за литературно дело од белетристика од 20 век.
Британското издание на „Harry Potter and the Sorcerer’s Stone“ во 1997 година, во тврд повез и со илустрација во боја на корицата, ги опиша „Херитиџ аукшн“ како магични, неверојатно светли и речиси недопрени.
Аукциската куќа со седиште во Далас соопшти дека испечатени биле само 500 примероци од книгата со специјална корица. Проценката на книгата пред продажба била 70.000 долари.

Претходните аукциски цени за првите изданија на Хари Потер се движелe меѓу 110.000 и 138.000 долари.
– Не само што е најскапата книга за Хари Потер некогаш продадена, туку е и најскапо продадено комерцијално белетристичко дело од 20 век – изјавил извршниот потпретседател на „Херитиџ аукшн“, Џо Мадален.
Книгата е продадена од американски колекционер, а името на купувачот не е објавено.
Британската писателка Џ.К. Роулинг има напишано шест книги за авантурите на младиот волшебник, кои се преведени на 80 јазици и продадени во околу 500 милиони примероци ширум светот. Книгите се претворени во осум филмови кои заработиле 7,8 милијарди долари на кино благајните во светот.