Повеќето луѓе уживаат да го започнуваат денот со топол туш за да останат свежи во новиот ден. Според истражувањето, туширањето пред спиење може да им помогне на исцрпените мајки да добијат поквалитетен сон.
Истражувачите од Универзитетот во Тексас велат дека клучот за добар сон е туширањето со вода од 40 до 42 степени Целзиусови, приближно еден до два часа пред спиење. За истражувањето тие ги зеле предвид податоците од 5.000 лица пред да сознаат дека ова може да помогне да заспиете десет минути побрзо, а и поквалитетно да спиете.
Тие сакале да испитаат како пасивното загревање на телото влијае врз спиењето. Притоа испитувале четири фактори: колку брзо заспиваат, колку трае спиењето, колку време поминуваат во спиење во однос на количеството време што го поминуваат во кревет и квалитетот на спиењето. Идејата дека телесната температура и спиењето се поврзани не е нова. Температурата на телото се спушта еден час пред спиење, паѓа уште пониско за време на спиењето, а потоа се крева кога ќе дојде време за станување. Температурата на телото, исто така, се намалува по топла бања или туш, а тоа му дава сигнали на циркадијанскиот ритам на телото дека мозокот полека се смирува.