Британскиот рок-бенд „Квин“ ќе настапи во живо на доделувањето на Оскарите в недела, објавија вчера организаторите. Биографскиот филм за славниот пејач Фреди Меркјури, „Боемска рапсодија“, има повеќе номинации.
Годинава навршуваат 28 години од смртта на Меркјури, а глумецот Рами Малек со одличното толкување на неговиот лик е еден од главните фаворити за Оскар за главна машка улога. Самиот филм, пак, според ИМДБ, кај публиката во овој миг е втор фаворит за главниот Оскар, зад „Зелената книга“.
Сега, „Квин“ настапуваат со ѕвездата од „Американскиот идол“, Адам Ламберт, како пејач.