Американскиот режисер Квентин Тарантино деновиве во Лос Анџелес се венча со израелската пејачка и манекенка Даниела Пик (35). Двојката се запознала во 2009 година, кога Тарантино во Израел го промовира филмот „Безмилосни гадови“. Меѓу гостите на свадбата беа глумците Харви Кајтел и Тим Робинс и режисерот Ели Рот.
Филмовите на светски познатиот режисер се познати по острите дијалози, сликовитото насилство, измешаната хронологија и опсесијата со поп-културата. Познат е по филмовите „Кил Бил“, „Од самрак до зора“, „Четири соби“, „Евтини приказни“…
Но и самиот Тарантино е популарен речиси како и неговите филмови. Во Холивуд го нарекуваат зборлеста бубалица што во чекор ги следи новите трендови и поседува енциклопедиско знаење за популарниот, но и за уметничкиот филм.