Двејн Џонсон и целото негово семејство биле позитивни на коронавирусот, што американскиот актер го потврди на Инстаграм, пренесува „Њујорк тајмс“.
Џонсон на Инстаграм објавил дека тој и неговото семејство се заразиле пред околу две и пол недели од „многу блиски семејни пријатели“, но оти сега оздравеле и се чувствуваат добро.
– Мојата сопруга Лорен, двете ќерки и јас добивме позитивни тестови за ковид-19. Можам да ви кажам дека ова беше едно од најтешките нешта коишто сме ги преживеале како семејство – напишал актерот познат по прекарот „карпата“.
„Авантура во џунглата“ е следниот филм во кој што обожавателите ќе може да го гледаат Џонсон.