Воената база што се наоѓа во пустината Невада, позната како „Област 51“ е цел на бројни теории на заговор поврзани со вонземјани и Неидетификувани летечки објекти (НЛО) уште од 50-те години на минатионт век, пренесува „Бизнис инсајдер“.
Во 1954 година, американскиот претседател Двајт Ајзенхауер одобри изградба на строго доверлива тајна база за тестирање на авиони. Областа недостапна за цивили и шпиони, совршено се вклопувала во таа потреба. „Област 51“ се наоѓа во пустината Невада, во близина на Езерото Глум.
Уште од 1955 година луѓето тврдеа дека забележале Неидентификувани летечки објекти во близина на „Област 51“, воглавно поради тестирањата на авионот „У-2“, таканаречен „Дамата-змеј“, кој достигал височина до 18.000 метри. Во тоа време, авионите достигаа височина од три до шест илјади метри, а воените авиони достигнуваа височини до 12.000 метри. Ако пилотите на комерцијалните летови го забележеле авионот „У-2“ во воздухот, не би знаеле за што се работи. Иако официјалните лица на воздухопловните сили знаеле за што станува збор, тие не можеле со информациите да излезат пред јавноста.
Тестовите со „У-2“ завршиле во 1950-тите, но областа продолжила да биде користена за изведување тестови за други авиони, како „Ф-117А“, „А-12“, и „Тасит блу“. Истовремено се појавувале информации за забележани НЛО.
Љубителите на теориите на заговор веруваат дека американската влада крие тајни информации за вонземјани и за Неидентификувани летечки објекти (НЛО) во „Област 51“, односно веруваат дека базата се користи за чување на заробени НЛО или останки од вонземјани. Но, американските власти категорично ги отфрлаат ваквите тврдења.
На социјалната мрежа Фејсбук , над 700 илјади луѓе се пријавија за учество на настанот наречен „Упаднете во ’Област 51’, не можат да не запрат сите“, кој ги повикува учесниците да се соберат во што поголем број, со цел да влезат во воената база која е предмет на бројни теории на заговор и да ги видат вонземјаните.
Никој не знае за што служи и се употребува базата во пустината во Невада до ден денешен. Точната примена на американската база не е позната, а таа е признаена како воена база во 2013 година. Објектот е обезбедуван од вооружена стража, како и од камери за надгледување на просторот.