Хроничен недостиг од само еден витамин го нарушува метаболизмот. Овој недостиг често се „гледа“ или се чувствува многу брзо, бидејќи понекогаш има видливи физички промени на телото, а некогаш и полоши ефекти, на пример, хроничен умор, главоболки, нарушено варење на храната и слично. Во продолжение прочитајте како да препознаете кои витамини и минерали ви недостигаат.

Имате недостиг од јод

Ако консумирате храна што содржи малку јод, тоа ќе биде видливо во вашите очи или околу нив. Ако тие се отечени подолго време, тоа може да биде знак дека ви недостига јод. Другите симптоми се замор, сува кожа, опаѓање на косата и дебелеење. Најдобар извор на јод во исхраната е храната од морето: риба, морски плодови, алги. Јодот го има и во јајцата, месото, млекото и млечните производи, печурките, пченичните никулци, лиснат зеленчук, мешунките, цвеклото, бобинките.

Ви недостига витамин Б12

Недостигот од витамин Б12 е видлив на кожата, а симптомите може да вклучуваат запек и губење на апетитот. Ако вашата кожа е посветла од вообичаеното подолго време, потребен ви е извор на витамин Б12, кој го има во храна од животинско потекло, односно месо, црн дроб, риба, ракчиња, школки и јајца.

Железото ви е на црвената граница

Потребна е разновидната исхрана, присуство на месо, зеленчук, овошје, риба и цели зрна, што е важна за апсорпцијата на железото. На пример, витаминот Ц помага да се апсорбира тоа „полошо“ железо. Бледиот тен и бледите усни се знак дека ви недостига железо. Општо, неговиот недостиг лошо влијае на општата здравствена состојба, а резултатот е хроничен замор.

Витамин Ц

Нашето тело не може само да го произведува тој витамин, ниту да го чува ако го консумираме во поголеми количества. Затоа е многу важно редовно да се зема преку исхраната. Се препорачува да се консумираат спанаќ, пиперки, цитрусно овошје и разни други зеленчуци и овошја. Недостигот од витамин Ц предизвикува крвавење на непцата и расипување на забите. Заморот и лесните модринки се исто така рани знаци на недостиг од овој витамин во исхраната.

Биотин

Биотинот или витамин Б7 е важен дел од групата витамини Б-комплекс потребни за одржување здрав метаболизам, нерви и здрава дигестивна и кардиоваскуларна функција. Сувите и кршливи нокти се резултат на недостиг од биотин. Другите симптоми вклучуваат лупење, исип и акни. И овој витамин се наоѓа (меѓу другото) во јајцата, оревите, интегралните жита, бананите, сирењето, лососот, квасецот, карфиолот, авокадото, мешунките, бобинките, рибите, доматите, печурките.