Симптомите на атописки дерматитис или егзема се: чешање, сува, воспалена и надразнета кожа и главно се манифестираат на внатрешната страна на колената, лактите и зглобовите, како и на вратот и на лицето. Почнуваат да се појавуваат во детството, иако може да се забележат на која било возраст.
Стандардниот медицински третман подразбира користење топикален стероиден крем, кој има противвоспалително дејство и ги намалува чешањето и црвенилото. Егземата се поврзува со лош имунолошки систем, кој може да се подобри на неколку начини.
Анализа на крвта – со оваа постапка се мери количеството антитела што човекот ги создава како одговор на разни видови храна. Колку нивото на антитела е поголемо, толку е поголема реакцијата и на соодветната храна. Со елиминациска диета се отстрануваат најчестите намирници што предизвикуваат егзема (млеко, јајца, глутен и соја), во период од четири до шест недели.
Лекување на цревниот тракт – суплементацијата со пробиотици помага во воспоставување здрава рамнотежа меѓу добрите и лошите бактерии, а тоа го јакне имунитетот. Омега-3 маслото може да помогне за намалување на воспалението на цревата и на кожата, како и да ги ублажи симптомите на егземата, а Л-глутатимот е аминокиселина што ги зацелува оштетувањата на цревата.