Извршниот директор на компанијата „Спејс екс“ Илон Маск на Твитер објави нова идеја поврзана со ракетните истражувања, инспирирана од популарната телевизиска серија „Игра на тронови“.
Тој вели дека размислувал да постави големи метални змејски крилја во чест на змејовите од популарната серија.
Кога го прашале дали е сериозен за ваквиот проект, тој одговорил дека на скала од еден до десет, би ја оценил сериозноста со бројот шест. Американскиот милијардер, исто така, вели дека крилјата со мембрана би биле добри за намалување на температурата на самата ракета.
Би можело да се заклучи дека Маск изрази верност кон семејството Таргериен, односно се поклони пред Денерис Таргериен позната како „мајката на змејовите“, во „Игра на тронови“.
— Elon Musk (@elonmusk) April 15, 2019
Ова не е информација што изненадува, со оглед на тоа што „Спејсекс“ ја именува вселенската капсула „Змеј“.
„Змејот“ допрва треба да пренесе екипаж со луѓе до Меѓународната вселенска станица, со што астронаутите на НАСА би биле познати како „јавачи на змејови“. Единствената разлика е што тие нема да бидат облечени во стилизираните, крзнени палта што ги носат Џон Сноу и Денерис Таргериен во „Игра на тронови“.