Тамара Тодевска ќе ја претставува Македонија на годинашниот Избор за песна на Евровизија во Тел Авив со песната со работен наслов „Proud“ на авторскиот тим: Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветкоски.
Ова е одлучено од консултативното тело на Македонската радио-телевизија по иницијатива на Тамара на вчерашното преслушување на песните што неколкумина наши автори ги доставија до МРТ по соопштувањето на изборот за македонскиот евровизиски претставник за 2019 година.
Во моментов се работи на продукциското оформување на финалната верзија на песната која наскоро ќе ѝ биде претставена на јавноста.
Евровизискиот настап на Тамара на сцената во Тел Авив ќе биде на втората полуфинална вечер на 16 мај.