Речиси половина од заразените со коронавирус укажуваат на постоење на нови симптоми и чувствуваат нешто како зуење во телото. Луѓето што го искусиле овој нов, досега непознат симптом сѐ повеќе споделуваат на социјалните мрежи и го опишуваат како зуење, шиштење или нешто слично, пишува „Њујорк пост“.
Лекарите велат дека станува збор за посебна сензација, чувство го опишала што пациентите што се борат со вирусот го имаат во своето тело. Една пациентка новиот симптом како нешто да ѝ струи по нејзината кожа, додека друга рекла дека нејзиниот партнер се чувствувал како неговата кожа да гори, па затоа морал да се мачка со лосион за по сончање, а користел и крем против изгореници.
Други симптоми се треска, болки во телото, останување без здив, замор, сува кашлица, дијареја, додека, од друга страна, кај некои не предизвикува ни најмали симптоми. Евидентирани се и невролошки симптоми, како што се вртоглавица и главоболка, атаксија, што е опишано како губење рамнотежа или недостиг од координација на движењето при одење или кревање предмети. Атаксијата може да влијае на говорот, движењата на очите и на способноста за голтање.