Преку разни намирници и пијалаци, во организмот внесуваме различни материи, кои понекогаш не се здрави, што придонесува за таложење на токсините во организмот. Кога тие ќе се акумулираат во поголема мера во телото, почнуваат да го попречуваат правилното функционирање на организмот.
Несоницата е една од главните последици од акумулација на токсините во телото. Доколку постојано имате проблеми со сонот, добро би било да го проверите здравјето на црниот дроб, бидејќи несоницата често се поврзува со проблеми во работата на црниот дроб. Патем, црниот дроб ги неутрализира токсините, па може да ви помогне во борбата со токсините ако во исхраната вклучите храна богата со сулфур, како што е лукот.
Постојаните и хронични главоболки исто така може да бидат знак дека имате премногу токсини во телото. Доколку се чувствувате летаргично, не би било лошо да размислите за детоксикација. Најдоброто нешто што можете да направите е да јадете повеќе овошје и зеленчук, но пред сѐ храна богата со витамин Б, бидејќи тој е многу важен за менталните функции, како што се концентрацијата и меморијата.
Проблематичната кожа, склона кон мозолчиња и исип, може да биде резултат на насобраните токсини во телото. Кожата е најдобар показател дека нешто не е во ред со организмот, бидејќи сѐ што не е во ред се исфрла на нејзината површина. Храната што содржи токсини може да ја наруши слузта на дигестивниот систем, вклучувајќи го и јазикот. Ако површината на јазикот стане бела или жолта, сигурно е дека дигестивниот тракт се бори со токсини.
Токсините што се внесуваат преку храната и пијалаците, но и токсините што ги вдишуваме, ја забрзуваат акумулацијата на масното ткиво на желудникот. Ова се случува затоа што многу токсини што остануваат во телото стигнуваат до стомакот и остануваат таму, а можат да се отстранат само со детоксикација.
Телото ги исфрла токсините со потење, а кога има многу наталожени отрови, повеќе се бори против нив, па повеќе се потиме. Така, може да ви се случи постојано да ви е топло, дури и кога е мошне студено надвор или во просторијата каде што се наоѓате.