Познато е дека кога имате стомачни проблеми, како што се дијареа, подуеност или настинка со болки во стомакот, помага чајот од нане. Но постојат докази дека инхалирањето со нане, односно вдишувањето на аромата од есенцијално масло од нане, ја подобрува и мозочната функција. Една студија направена на 144 возрасни до 30 години, покажала дека тие што ја вдишувале аромата од нането, во период од пет минути, имале значително подобрена меморија. Друга студија, пак, покажала дека вдишувањето на аромата ја зголемува снаодливоста и ги намалува фрустрацијата, анксиозноста и репресивноста.
Помалку е познато и дека им помага на мајките доилки кога поминуваат низ предизвици во почетокот на доењето. Чувствителни и разранети брадавици се најчестите проблеми со кои се соочуваат мајките на почетокот на доењето. Овие проблеми најчесто се тешки за надминување, болни и многу непријатни. Студиите покажуваат дека нанесувањето нане на брадавиците, може да ја намали болката при доење.